Позната е цената која Велимир Беливук ја земал од водачите на Кавачкиот клан.Како што пишува „Информер“, Радоје Звицер на Веља невоља му исплаќал по 300.000 евра за добро завршена работа, односно за ликвидиран непријател.

До вакви податоци се дошло откако биле дешифрирани податоците од апликацијата „Скај“ меѓу Звицер и Веља.
Веља бил екзекутор на Кавачкиот клан во Србија а пак Звицер требало да биде убиен од „Македонецот“ Стефан Ѓукиќ во Украина.

Но, атентатот не успеа и сега Звицер е во бегство, најверојатно во Јужна Америка.