Изложба посветена на легендарниот филм „Валтер го брани Сараево“ ќе биде поставена во главниот град на Босна и Херцеговина.

Посетителите ќе можат да видат оригинални експонати, возови, капи, знамиња од нацистичка Германија, како и восочни фигури од актерите, пред се од Бата Живоиновиќ.

Менаџерите на музејот очекуваат голема посетеност, на фанови на филмот од поранешна Југославија како и од Кина каде филмот е најгледан на сите времиња.