Унгарија планира да изгради нов, еколошки град на крајбрежјето на Дунав кој ќе чини една милијарда евра. Градот кој ќе биде во големина на 500 фудбалски игралишта ќе биде подигнат од „нула“ и ќе служи за домување на неколку илјади жители, објави „Блумберг“.

Градот ќе ги нуди сите услови на модерно домување со училишта, трговски центри, хотел, железничка станица…

Ќе се снабдува со соларна енергија и ќе создаде 5.000 нови работни места. Бидејќи земјиштето во северозападна Унгарија каде ќе биде изграден е неплодно, сите садници ќе се одгледуваат во стакленици. Изградбата на градот е планирана да заврши најдоцна за четири години.