Унгарија денеска се откажа од реформите во правосудниот систем, што доведоа до сомнежи во независноста на правосудството, соопшти Ројтерс. Промените беа предложени од владејачката партија ФИДЕС и беа основа за конфронтација со Европската унија, која сметаше дека некои од реформите на премиерот Виктро Орбан ја доведуваат во опасност демократијата и владеењето на правото.

Со друг гест кон традиционалните европски сојузници ФИДЕС за првпат се откажа од обединување на силите со италијанскиот вицепремиер Матео Салвини и неговата евроскептична група во новиот Европски парламент.

Според шефот на кабинетот на премиерот Орбан, Гулас Гергели, откажувањето од реформите се должи не на несовпаѓање со евростандардите, туку на неоправданата дебата во Европа, што ја доведе во прашање независноста на судството.