Поранешниот оперативец на УДБА Божидар Спасиќ раскажа една анегдота од неговата служба поврзана со пречекот на Нова Година.Случката била во Германија каде хрватските усташи славеле.

За да им го ресипе славјето бил задолжен Спасиќ кој отпатувал во Карслуе во ресторанот каде биле собрани.

Слушнавме дека се собрани  едно кафуле „Ихоф“ во Карлсруе, 50 усташи решиле да организираат новогодишна ноќ. Тие го порачаа своето омилено вино од Херцеговина во стаклени балони. Нашиот човек требаше да го носи тоа вино. Имавме толку способен Институт за безбедност кој произведуваше се и сешто. Ставивме нешто во тоа вино, да не убиваме луѓе, но да им биде  непријатно.Влеговме во 23 часот и нивната прослава заврши. Точно знаеја и рекоа „проклета УДБА стои зад ова“-раскажа Спасиќ.