Напната ситуација владее во училиштата во Грција меѓу учениците и наставниците по големата мобилизација и „окупација“ на многу училишта во земјата, акција главно поттикната од десничарски и неонацистички партии.

И додека школите во Атина организираат контрамоблизација за обрана на Преспанскиот договор, тие во северна и во централна Грција протестираат во име на Македонија, за грчкиот карактер на Македонија.

Денес во Солун по повикот за општа мобилизација, главно испратен по социјалните мрежи, но и преку директна агитација во училиштата, треба да има собир под мотото „Македонија е грчка“ и „Не за Преспанскиот договор“.

Според последните информации кои ги објавува „Ефимерида“, повеќе од 20 училишта се окупирани во регионот на централна Македонија. Владејачката Сириза соопшти дека во последните 20 часови тие успеале да идентификуваат крајно десничарски елементи кои работеле на мобилизацијата на учениците во северна Грција.

Од друга страна, пак, во Атина во 20 училишта имало ученички собири на кои се искажала поддршка за Преспанскиот договор, а преземени се и антифиашистички акции и упатен е повик за денес напладне да биде одржан антифашистички ученички собир во Пропилаеа.

„Учениците ги креваат главите против монструмот на фашизмот и национлазимот“, се вели во соопштението.