По ефкасна акција на полицијата и обвинителството пронајдено е и уапсено лице осомничено за закани упатени преку писмо до вработените во Телевизијата Н1. По налог на обвинителството на осомничениот му е одреден притвор од 48 часа, изјавил за Танјуг портпаролот на обвинителството Иван Марковиќ.

Во тој рок осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување, по што ќе бидат одлучени следните чекори.

Вработените во српската телевизија Н1 добиле писмо со смртни закани кон нив и нивните семејства поради тоа што, како што наведе телевизијата, известувањата за протестите во Србија. Писмото исто така содржело закана дека зградата на телевизијата ќе биде крената во воздух.