Вработените во српската телевизија Н1 добиле писмо со смртни закани кон нив и нивните семејства поради тоа што, како што наведе телевизијата, известувањата за протестите во Србија. Писмото исто така содржело закана дека зградата на телевизијата ќе биде крената во воздух.

Н1 соопшти дека заканите се пријавени во полиција.

Испраќачот се потпишал како Белградски ветерани од војните во 1999 година, а во писмото, покрај заканите, имало и членска карта од Сојузот на воени ветерани на Србија.

Претседателот на здружението Жељко Вукелиќ за Н1 изјави дека тие не стојат зад испратените пораки и оти сакаат полицијата да го истражи целиот случај.