На донаторската конференција организирана од турската влада со учество на држави од исламската конференција, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган посветил повеќе од половина од својот говор на апелирање да и се помогне на Албанија во санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес, јави тиранската телевизија Топ чанел.
Во екслузивна изјава за телевизијата, претседателот Ердоган кажува кога ќе бидат изградени 500-те домови ветени од него за жителите кои остана без покрив над главата од разорниот земјотрес на 26 ноември.
-Наши тимови се таму. Ние сме во контакт со министерката за култура на Албанија и очекуваме да одлучат каде ќе градиме за да што поскоро започнеме со изградба. Во рок од шест месеци до една година ќе завршиме со градба. Поради студеното време решивме да испратиме шатори што се за зима, изјави Ердоган.
Тој одговара и на прашањето дали верува дека учесниците на донаторската конференцја позитивно ќе одговорат на апелот да ја помогнат Албанија.
-Премиерот Рама апелираше, повторно јад тоа го повторив. Ќе видиме. Се надевам дека ќе добиеме позитивен одговор, рече турскиот претседател.
Рама по средбата со Ердоган, на донаторската конференцја во Истамбул изјавил дека сите се солидаризираа со оние што се погодени од земјотресот,но оти „целата оваа солидарност е далеку од доволна за потребите на земјата за надминување на последиците од земјотресот“
Comments are closed for this post.