На годишнината од воената акција „Олуја“ со која беа протерани Србите од Хрватска излегуваат нови документи.Како што објави „Политика“ операцијата била планирана под кодно име „Ветар“ и поранешниот претседател Фрањо Туѓман на своите генерали им предлагал низ Сава и Дунав да пушти чамци со експлозив во Белград.

На Србите треба силно да се удри да исчезна-велел Туѓман..

 

Во стенограмите кои се откриени Туѓман планирал со експозивот од чамците да се рушат мостовите во Белград и на тој начин да се сее страв во Србија.