Црногорскиот државјанин К.Д., кој вчера околу 17 часот претепал жена во хотелска соба е уапсен и на предлог на Првото основно јавно обвинителство во Белград му е одредена мерка притвор до 48 часа. Тој треба да биде доведен на сослушување во текот на денот.

Како што неофицијално дознава „Курир,рс“, тој е осомничен за насилничко однесување бидејќи нанел полесни физички повреди на кинеска државјанка.

Според очевидци, кои слушнале застрашувачки крик од хотелската соба, осомничениот се обидел да ја фрли жената низ терасата од хотелската соба.