Босанската гранична полиција кај тројца мигранти откри фалсификувани бугрски пасоши, јавува Танјуг. Документите биле откриени на 4, 5 и 6 јануари на гранични пунктови на излез од Босна и Херцеговина.

Фалсификуваните документи биле откриени откако во багажот на мигрантите биле пронајдени оригиналните документи, врз основа на кои било утврдено дека се граѓани на Сирија.