Историски ниски температури се измерени во северна Грција, објави Националниот метеоролошки севис (НМХ).

Во Лерин живата во термометарот паднала на -23 Целзиусови степени, што се смета за најниска измерена до сега.

НМХ соопшти дека на 6 јануари во ерин биле измерени -21.4 степени,а  оќеска паднал и рекордот.

Особено студено било и во Костур, каде се измерени -16,7, а екстремна температура е измерена и во Неврокоп, Драма -21.