Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани десет нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број заразени се зголеми на 2.576 лица, а на починати на 139 лица, откако беше регистриран уште еден смртен случај, јави дописничката на МИА од Атина.
Приклучено на апарати е 41 лице, а 71 пациент бил отпуштен од Одделите за интензивна нега во грчките болници.
Досега во Грција се анализирани 72.130 примероци, 2.297 повеќе од вчера
Comments are closed for this post.