Основачот на Агрокор, Ивица Тодориќ, кој во средата беше испорачан на Хрватска, ја мина ноќта во затвор каде што му било врачено решението за истражен притвор.

Како што јавуваат хрватските медиуми, по доаѓањето од Лондон, Тодориќ веднаш бил префрлен во притворската единица во затворот Реметинец, каде што ја минал ноќта во ќелија со уште еден затвореник.

Засега не е познато кога Тодориќ ќе биде изведен пред надлежен судија.

Тодориќ и 15 негови соработници се обвинети за финансиски малверзации и дека од Агоркор извлекле 1,4 милијарди куни, односно околу 190 милиони евра. Сепак, иако во случајот „Агрокор“ се обвнети уште 15 други луѓе, истражен затвор е одреден само за Тодориќ.

Тој на Хрватска и беше испорачан врз основа на европски налог за апсење што го распиша Загреб, веднаш откако тој ја напушто Хрватска и замина за Англија. Одлуката за неговата испорака ја донесе Високиот суд во Лондон.