Премиерот на Косово Рамуш Харадинај зборуваше за формирањето војска на косово, велејќи дека ќе се формира овој месец. Тој исто така даде и некои детали околу тоа како ќе изгледа косовската војска, пренесува Зери.

Косовската армија ќе изгледа како армија. Ќе биде како и секоја друга војска во светот. Нашата армија ќе има три полка, т.е, ќе постојат три копнени дивизии, односно пешадија. Едниот ќе биде сместен во Гнилање, еден на југот и еден стациониран на северот од земјата. Нашата армија ќе има и команден вод. Некои ќе бидат активни а некои резервисти, рече Харадинај.

Тој рече дека на косовската војска нема ништо да и недостасува.

Нема да имаме подморници или нешто слично, зошто немаме море. Меѓутоа, отанатите работи што се однесува до војската нема да недостасуваат, потенцира Харадинај.