Грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот албански колега Еди Рама денеска телефонски разговараа за неопходните реформи за почеток на пристапниот процес на Албанија во Европската унија, соопшти кусо Кабинетот на претседателот на Владата на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, дипломатски извори соопштија дека за време на разговорот, Ципрас се фокусирал на законот за имотите на крајбрежјето на Јонското Море, како и на законот за малцинствата.

Двајцата премиер разговарале и за регионалните случувања и билатералните економски односи.