Веља невоља користел телефон чија цена достигнувала и до 2000 евра.Толкава сума не бил телефонот туку специјалната апликација „Скај“ која ја користат само најаките криминалци.

Ваквите телефони ги произведува компанијата „Блекбери“ и со него е невозможно да се пробијат разговорите и фотографиите а пораките кои се праќаат кон други корисници веднаш самите се бришат и ги нема во ниту еден сервер.

Во некои држави поседувањето на овие телефони е кривично дело а Американското федерално истражно биро го заплени сајтот на апликацијата „Скај“.Српските власти по апсењето на групата на Веља ангажираа странски експерти по компјутерски криминал за да ги отворат телефоните на криминалците.