Анѓелко Вучиќ, татко на српскиот претседател Александар Вучиќ заплакал од радост кога разбрал дека рускиот претседател Владимир Путин го потпишал указот за одликување на неговиот син со орденот “Александар Невски”.

За српските медиуми изјавил дека му е драго и заради Србија и заради Александар бидејќи тоа е потврда за взаемните односи на Русија и Србија.

Доби одликување кое го носи името на Александар Невски. Една од најголемите личности во руската историја. Кога стигна официјалната потврда дека Александар е одликуван се сетив на мојот татко. Знаејќи колку ја сакаше Русија и како бии се радувал на оваа чест. Во нашето семејство е голема љубовта кон Русија. Во грлото ми застана кнедла, а од окото ми потече солза кога слушнав дека Путин го потпишал одликувањето, изјави Анѓелко.