Европската комисија на својата официјална Фејсбук страница го одбележа Меѓународниот ден на младите со објавување на мапа на Стариот континент на која се прикажани одредени специфичности на земјите. Имено, мапата е наменета децата и младите на живописен и интересен начин да дознаат повеќе за европските земји.

И покрај најдобрите намери на Европската комисија да им обезбеди на наставниците и учениците најдобри образовни содржини во рамките на своето „Катче за учење“, нацртаната мапа предизвика многу контроверзии. Имено, на споменатата карта се прикажани бројни европски знаменитости, но ако се обрне внимание на Балканот, може да се види како Европската Унија го запостави ова „ќоше“.