Претседателот на Косово и еден од основачите и политички лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Хашим Тачи тврди дека оваа воена формација во војната во 1998-99 година немала повеќе од 12 илјади борци.
Тачи изјавата ја даде на Регионалната конференција за борба против корупцијата што се одржува во Приштина.
Немаше повеќе од 12.000 борци на ОВК. Другите се измамници, рече Тачи, кој ги повика земјите учеснички и меѓународните организации да ги идентификуваат регионалните предизвици во борбата против корупцијата и да преземат конкретни чекори за нивно надминување.
Во Косово е покрената широка дебата, но и истрага од надлежните органи за лажните воени ветерани, затоа што малкумина веруваат дека во војната, ОВК имала над 35.000 борци, колку што има на листата на ветерани коишто уживаат државни бенифиции.
Comments are closed for this post.