Претседателот на Косово Хашим Тачи, денеска изјави дека ќе одговори позитивно ако добие повик од Специјалниот суд за воени злосторства.

Ако има било каков повик во секое време, ќе одговорам со целосна транспарентност – рече Тачи.

Тој ги покани другите да го сторат истото.Минатата недела Хашкиот трибунал почна сослушување на поранешните припадници на терористите на ОВК.

Досега беа испитани двајца поранешни команданти на терористичката ОВК, Рустем Мустафа Реми и Сами Љуштак во Хаг.