Припадници на грчката полиција вечерва се судирја со група анархисти во атинската населба Ексархија, каде пред 10 години беше убиен младиот Алексис Григоропулос. Анархистите кон полицијата фрлија дестици молотови коктели и друга пиротехника, на што полицајците одговорија со солзавец и со водени топови.
Kicking off in Exarchia. Barricades. Molotovs. Fireworks etc. #Athens pic.twitter.com/le35iRMGaD
— Jake Hanrahan (@Jake_Hanrahan) December 6, 2018
Анархистите поставија блокада на една од улиците во Ексархија од запалени контејнери со смет, со цел да го спречат пристапот на полицијата, а опожарен е и најмалку еден автомобил. За разбивање на барикадите полицијата употреби водени топови, на што анархистите возвратија со нови молотиви коктели и пиротехника.
Police are using a water cannon in the streets of #Exarcheia, #Athens #Greece. Thousands of anarchists responded by throwing molotovs, bricks, & shooting fireworks & slingshots #6DGR
Read more: https://t.co/w73gBfrne7 pic.twitter.com/n8RxbpgCvm
— Unicorn Riot (@UR_Ninja) December 6, 2018
Пред вечерашните немири во Ексархија, која важи за собиралиште на анархистите, доцна попладнeво се одржаа мирни протести во центарот на Атина по повод 10-годишнината од убиството на Григоропулос.
#6Dgr 18:52 #Athens: The night demo to commorate Alexis started marching. #alexisgrigoropoulos #Γρηγορόπουλος #BlackD18 #Alexis #AlexandrosGrigoropoulos Video by @News247gr pic.twitter.com/z2n4p7sXy9
— Enough is Enough! (@enough14) December 6, 2018
Во нив учествуваа претежно млади лица, членови на студентски, левичарски и анархистички организации и здруженија кои организраа протестен марш кој заврши пред грчкиот Парламент. Дел од слоганите што ги извикуваа учесниците на протестот беа против полицијата и полициското насилство.
Watch what happened at 1:28 in @LSpyropoulou‘s broadcast: Riots in #Athens #Greece for the 10th anniversary of the … https://t.co/jf4vQWPoBA
— Mary Stewart (@MaryStewart01) December 6, 2018
На 6 декември 2008, 15-годишниот Алексис Григоропулос, беше застрелан од полицаец во атинската населба Ексархија. Полицаецот е осуден на доживотна затворска казна.
Comments are closed for this post.