Стефан Р.(32) кој по сопствено признание учествувал во бројни грабежи главно во Италија, Швајцарија, Белгија и Холандија, во својата исповед за Курир.рс вели дека припадноста во криминална организација не му донела ништо добро. и дека поради лесните пари не треба да се оди „со глава низ ѕид“.

Тој бил еден од многуте Балканци, кои важат за членови на меѓународната банда „Пинк Пантер“ ограбувачи на скап накит. Тој  објасни дека криминалната организација Пинк Пантер всушност не постои, туку дека сите разбојници од нашиот регион кои дејствуваат во Западна Европа се нарекуваат Пинк Пантери.

Сите ограбуваат по истиот принцип, но секој работи за себе. Има неколку групи на крадци, а некои крадат само часовници, некои само накит, некои само чаши. Бидејќи сите вршат грабежи во ист калап, се нарекуваат Пинк Пантери, но нема еден водач, практично секоја група работи за себе – објаснува Стефан.

Oткако одлежал затвор неколку години се повлекол од овој „бизнис“ и сега живее мирен живот со семејството.