Српскиот пратеник Александар Оленик повика од плоштадот Мајдан во Киев на протестот „Србија против насилството“ денеска во Белград.

Тука сме во Украина, во Киев, на плоштадот Мајдан. Ќе бидеме тука неколку дена и оттука ве покануваме на утрешните протести против насилството во Белград. И само да знаете, ништо не е случајно“, забележа тој во видеото.

Споредбите од изјавите на официјални лица во Србија се однесуваат на украинските антивладини демонстрации на Евромајдан, со кои во 2014 година беше соборен поранешниот проруски претседател на Украина, Виктор Јанукович.