Од народите од регионот, граѓаните на Србија најмногу ги сакаат Грците, потоа Црногорците, а на трето место се Македонците, покажуваат резултатите од истражувањето на „Фактор плус“, објавени белградскиот весник „Данас“.
Анкетата покажува дека 43 проценти од испитаниците најпозитивно се изјасниле за Грците, 20 отсто за Црногорците, а 18 проценти за Македонците.
Од друга страна, пак, меѓу народите од регионот, Србите имаат најлошо мислење за Хрватите – 45 отсто, додека една третина од српските граѓани или 33 отсто од испитаниците имаат најнегативно мислење за Албанците
Затоа, пак, дури две третини од Албанците имаат најнегативно мислење за Србите, дури 68 проценти. Албанците по Србите имаат најнегативно мислење кон Црногорците – 13 отсто.
Кога станува збор за позитивни мислења, Албанците најмногу ги сакаат Италијанците – 44 отсто, потоа Грците – 22 отсто, по што следуваат Црногорците со 16 проценти позитвни одговори.
Истражувањето е спроведено во август годинава на примерок од 1.000 испитаници во Србија, без Косово и 1.000 испитаници во Албанија.
Тоа е првото такво компаративно испитување на јавното мислење во двете земји на тема „Односите меѓу српскиот и албанскиот народ, перспективата на овој однос, точките на споровите, можности и области на соработка“.
Истражувањето е дел од еден поширок проект на тема „Срби и Албанци – и како понатаму“
Comments are closed for this post.