Српскиот државјанин Слободан Марјановиќ (40), кој во неделата беше убиен во Колумбија, најверојатно дошол во таа земја со цел да се договори со извесен Пак, кој важи за водач на картелот „Лос Панченкас“, за транспорт на дрога во Холандија!

Колумбиските медиуми открија дека во истрагата за убиството многу помогнал мистериозен сведок кој престојувал со Марјановиќ во луксузен хотел во Санта Марта. Колумбиските медиуми не откриваат дали и клучниот сведок е државјанин на Србија.

Се сомневаат дека жртвата била дел од криминална група која шверцува дрога од Колумбија во Европа. Клучниот сведок, кој престојуваше со жртвата во хотелот, откри дека Марјановиќ се сретнал со лице по прекар Пако, еден од најбараните нарко босови, за да ја координира испораката на дрога од морското пристаниште во Колумбија до главниот град на Холандија.

Полицијата наводно го пронашла сведокот на аеродромот кога по убиството на Марјановиќ со авион се обидел да се врати во Богота од Санта Марта, од каде на 24 мај пристигнале во приморскиот град. Им признал дека требало да ја координираат пратката што требало да биде натоварена на бродот.

Пронајдени се и три мобилни телефони, кои детално ќе бидат анализирани во текот на истрагата, за да се утврди со кого разговарала жртвата откако пристигнала во Колумбија. Марјановиќ на 22 мај влегол на територијата на земјава, а на 25 мај се пријавил во хотелот во Санта Марта.