Во Виена се слулувал вистински хаос кога 21-годишна Србинка се степала со едно момче на улица, по што влегла во физичка пресметка и со полицијата додека дваесетина момчиња ја бранеле.
Полицајците дошле на лице место по пријавата дека девојка вика и го тепа момчето, но кога се обиделе да и стават лисици, од блиското кафуле излетале дваесетина момчиња кои барале од полицијата да ја остави девојката на мира. За целото време девојката ги пцуела полицајците и одбивала да им се покори, а кога еден полицаец се обидел да и стави лисици на нозете, таа неколку пати го шутнала во глава, објави Курир.рс.
Поради таквиот отпор, полицајците биле принудени да повикаат уште 14 свои колеги, а едно 25-годишно момче, за кое се верува дека е од Србија и еден 28-годишен Австриец се обиделе физички да ги нападнат полицајците, при што одземале една полициска моторола и ја скршиле.
Тие двајца се веднаш приведени, но тоа не било крај на инцидентите, затоа што на пат кон станицата, Австриецот ја уништил внатрешноста на полициското возило, а ја искршил и вратата на автомобилот. Поради тоа, морало да дојде ново возило.
Кај него бил пронајден бел прав, за кој се верува дека е кокаин, поради што тој добил пријава за недозволено поседување дрога.
Comments are closed for this post.