Европратеник Иво Вајгл кој е задолжен за Македонија  е во предистражна постапка за сомневање за коруптивни дела, пишува словенечкиот „24ur.com“.

Засега не е познато за што конкретно се работи туку само се споменува некаков случај во Азербејџан.

Вајгл тврди дека нема истрага во однос на Азербејџан и која било друга работа.

Словенечкиот медиуми коментира дека  тоа не значи многу, бидејќи во таква рана фаза субјектот обично не е информиран за ова.