Во голема акција на ФБИ разоткриена е меѓународна криминална група за трговија со дрога. Тие на повеќе места во Калифорнија и во Канада за мексиканските картели криеле околу три тони дрога.Меѓу уапсените е и Србинот Никола Галиќ.

Групата е откриена откако агенти на ФБИ се уфрлиле во групата и се претставувале како трговци со дрога.

Кокаинот го добилале директно од Мексико и имале задача да го чуваат на сигурни локација пред да преминат на дистрибуција ширум САД и Канада.