Возач од Србија со своето „БеЕмВе“ предизвикал трагична сообраќајна несреќа во Германија, при што загина едно, а тешко е повредено уште едно лице. Поради учеството во нелегална трка на автопатот А1 во близина на Хамбург, 29-годишниот Србин е веднаш уапсен.

Како што објавуваат германските медиуми, Србинот удрил во автомобил марка „Форд фокус“ со толкава сила што „Фордот“ бил отфрлен 180 метри подалеку по што се превртел на кров.

Според сознанијата на полицијата, Србинот се движел кон север, по што одеднаш од левата преминал во средта лента каде што удрил во возило со двајца патници. Возачот на „Фордот“загинал на лице место, додека совозачот, една жена е пренесена во болница со тешки телесни повреди.

Србинот, кој имал 0,4 промили на алкохол во крвта, се здобил со полесни повреди, како и неговиот совозач.