Во Србија, која е една од земјите со висока стапка на вакцинација, а вчера надмина 600.000 регистрирани случаи на корона, експертите укажуваат на можноста за давање трета доза на вакцина на луѓе чиј имунолошки систем не реагирал соодветно со креирање на антитела, по првата и втората доза.
„Ова можат да бидат и постари лица кои не реагирале добро по примањето на првите две дози. Ќе има потреба од тоа, но не за сите луѓе”, предупреди Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија (ИНЕП).
Таа за РТС изјави дека станува збор за луѓе чиј организам одговорил со помали вредности на антитела, доколку кај нив се утврди инфекција и развој на симптоми и доколку вредноста на антителата се намали под мерливите вредности.
Таа посочи дека за вакцините засновани на нов концепт, како што се оние на „Фајзер“ и „Астра зенека“ и руската „Спутник В“, кои даваат брз одговор веќе две до три недели по првата доза, потребна е втора доза за продолжување на ефектот за дополнителна ефикасност.
Гњатовиќ рече дека кинеската „Синофарм“ го стимулира имунолошкиот одговор многу подоцна затоа што синтезата на антитела започнува по две недели од приемот на втората доза, а понекогаш дури по четири или пет недели по втората доза.
Антителата, според нејзиното мислење, кај повеќето луѓе постари од 70 години, претежно мажи, се произведуваат послабо отколку што се очекувало, но додава дека популацијата на возраст од 18 до 65 години реагира добро и скоро кај сите го има очекуваниот одговор.
Во ситуација кога експертите треба да размислат за давање трета доза, Србија во Средата објави за 2.444.395 даден дози на вакцина против Ковид-19, додека 1.015.507 луѓе примиле втора доза.
Во исто време, епидемиолошкиот пресек покажа уште 38 смртни случаи од Ковид-18, а од 17.801 тестирани примероци, имаше 5.107 позитивни на коронавирус, со што е надмината граница од 600.000 потврдени случаи во земјата.
Comments are closed for this post.