Ново социолошко истражување покажува мошне сериозни поместувања во односот на избирачите кон партиите. Според анкетата, спроведена од „Маркет линкс“ и БТВ во периодот од 13 до 22 август, ако изборите се одржат денес, за ГЕРБ би гласале над 20% од избирачите, што партијата на Бојко Борисов ја прави водечка политичка сила и тоа со сериозна предност.
Рејтингот на победникот на последните избори Има таков народ сериозно паѓа и веќе е на трето (ако не и на четврто) место со 15,7%. Со ист резултат се и социјалистите од БСП. Разликата е што ИТН се движи удолу, а левицата го зголемува својот рејтинг. Втора политичка сила во моментот е Демократска Бугарија.
-Големите поместувања во текот на август, пред се, се должат на разочарувањето кај избирачите од неможноста да биде составена новата влада, коментира Добромир Живков од „Маркет линкс“.
Во целина, политичката криза се одразува и врз рејтингот на Народното собрание, второ по ред што не може да состави редовен кабинет. Довербата во парламентот е намалена за 10 отсто и сега изнесува 13.
Истовремено, претседателот е најприфатливата политичка фигура и институција во државата. Румен Радев има 58% доверба, што е блиску до процентот од 2016 година кога стана и претседател. И техничката влада, исто така, стекнува симпатии и цели 54% од анкетираните „гласаат“ за нејзина доверба.
Резултатите од анкетата покажуваат дека избирачите се силно разочарани од отсуство на дијалог и од неумеењето на т.н. партии на промената да формираат влада, објаснуваат социолозите.
Comments are closed for this post.