Полицијата во Бразил запленила 617 килограми кокаин, а на пакетите во кои била стои логото на спортскиот клуб Елбасан, од истомениот албански град, што наведува на фактот дека таа требало да стигне во Албанија, пренесе тиранската телевизија „Ора њуз“.
Пратката била скриена под поставен дополнителен под на камион. Вредноста на дрогата се пресметува на девет милиони долари – наведува телевизијата.
Возачот на камионот изјавил дека требало да добие 10.000 долари за транспортот на кокаинот. Полицијата соопштила дека камионот бил пресретнат додека се движел по рурален пат а тројца мажи и една жена се приведени под обвинение за меѓународна трговија со дрога, но чии државјани се не се наведува.
Покрај дрогата, заплети се и камионот и два автомобила „Фиат“, кои биле користени за контрола на патот додека го придружувале камионот.
Comments are closed for this post.