Политичкото раководство на државата Република Македонија тврдоглаво оди против интересот на сопствените граѓани за побрза европска интеграција, рече денеска премиерот на Бугарија Румен Радев.

– Властите во Скопје всадуваат говор на омраза, покажуваат нетолеранција и ја користат историјата како алатка во меѓународните односи – рече тој.

Радев потсети дека Бугарија инсистирала на вклучување на Бугарите во Уставот, токму за да ги заштити нивните права.

– Тогаш бев сам против сите. Успеав да ги убедам сите европски лидери да го сфатат проблемот со почитувањето на човековите права, за да можеме да го поставиме најферското нешто во преговарачката рамка – вклучување на Бугарите во Уставот и спроведување на Договорот за добрососедство, особено вториот протокол – истакна тој.