Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 189 нови случаи на коронавирус, со што бројката двојно се зголеми за разлика од вчера. Уште тројца пациенти починаа.
Поради големиот број на заразени, владата на оваа земја најави нови мерки и зголемување на капацитетот на болниците.
Меѓу мерките кои ќе бидат воведени се и ограничување на работата на рестораните и продавниците, и намалување на бројот на луѓе на едно место на најмалку 10.
Наредните денови ќе бидат проширени капацитетите на Клиниката за инфектологија во Љубљана.
Comments are closed for this post.