Заменикот градоначалник на Белград, Горан Весиќ денеска изјави дека изградбата на метро во српската престолнина ќе почне во 2021 година, но и дека е затворена финансиската конструкција за проектот.

Инвестицијата е вредна 4,4 милијарди евра, првата линија ќе чини 1,8 милијарди евра, а втората 2,2 милијарди евра. Весиќ додаде дека минатата недела имале со амбасадите на Франција и на Кина во земјата, во присуство и на претставници на компаниите „Алстом“ и „Пауер Чајна“.

Направен е договор што треба да го верификуваат Владите на Франција и на Кина и, секако, Владата на Србија. „Алстом“ ќе работи на електромеханиката, на возовите и на пругата, на комплетното електрично напојување, односно опрема на самото метро додека градежните работи се доверени на кинеската компанија,. Односот ќе биде 30:70 или 70 отсто од работите ќе им припаднат на Кинезите, а останатото на Французите, истакна Весиќ.