Владејачката партија Сириза, на грчкиот премиер Алексис Ципрас покажува знаци на колапс во северна Грција, покажала една анкета изработена еден месец пред европските избори.
Анкетата покажува дека Сириза колабира во 13 префектури во Македонија со заостаток од неверојатни 14,3 проценти. Ова покажува дека во северна Грција владејачката партија ја плаќа цената на Преспанскиот договор, се заклучува во анализата на анкетата.
Оваа разлика, сепак, не е толку изразена на национално ниво. Поточно на прашањето за која партија би гласале денес, за Нова демократија одговориле 27,2 проценти, додека за Сириза 20,7, трета партија е КИНАЛ со 7,3 проценти, а четврти се комунистите – ККЕ има поддршка од 6,2. По подолго време неофашистите од Златна зора паднаа на 4,3 проценти, што значи би го прескокнале изборниот праг и би влегле во парламентот. Партијата на Панос Каменос, АНЕЛ, е пред исчезнување со поддршка од само 0,3 проценти, а слична судбина има и Потами (Река) која доби поддршка од 1 процент што не е доволно за влез во парламентот.
И оваа анкета покажува дека опозициската Нова демократија убедливо води во сите анкети и оти може да се очекува промена на власта во Грција.
Comments are closed for this post.