Истанбул во саботата беше парализиран заради невремето пропратено со обилни дождови во кои едно лице го загуби животот, а поплавен е дел од Капали чаршија, познат трговски центар во градското јадро.

Бездомник е пронајден мртов во сутерен во областа Ункапани, кој најверојатно се удавил, тврди фотограф на Франс Прес.

Улиците во најголемит турски град до пладне беа под вода и заглавени автомобили, а траектот кој вози од едната до другата страна на Босфор не сообраќаше.

На видео снимките објавени на друштвените мрежи може да се види како трговците во Големата чаршија се обидуваат да ги заштитат своите продавници, а телевизиската мрежа НТВ јави за голем број автомобили кои заглавиле во невремето, а противпожарни возила се обидувале да им помогнат.