Ужасно злосторство се случило во местото Буџим во Босна и Херцеговина.Мајка и ќерка се осомничени за убиство на новороденче, поради што биле уапсени.41 годишната мајка пријавила дека 19 годишната ќерка се породила во домот но оти бебето починало.

Но, полицијата се сомневала дека станува збор за чедоморство, па по истрагата што ја спровеле утврдиле дека ќерката и мајката заеднички го убиле новороденчето со давење.