Српски криминалци заедно со Босанците и Албанците за 2.500 евра шверцуваат луѓе од Турција во Србија, а потоа им овозможуваат да се преселат во Европската унија, пишува „Ало.рс“.

Патот Турција – Србија чини 2.500 евра! Шверцерите по балканската рута се поактивни! Се однесуваат арогантно како и секогаш! Контактот со шверцерите не е особено тежок. Имаат група на Телеграм која изгледа како да се туристичка агенција. Шверцерите лежерно им даваат на луѓето информации за рутите и цените. Патувањето од Турција до Србија чини 2.500 евра, со вклучено и ноќевање во главниот град на Бугарија, Софија. Патувањето трае од три до пет дена, мора да се пешачат 20 до 30 километри, а остатокот со превоз. Тие, исто така, не гарантираат успех со тоа што велат “Ова е шверц!” Се надевам дека Господ ќе ни олесни“. Бегалците пешачат низ Србија и БиХ кон границата со Хрватска. Ова често резултира со апсење на многу мигранти и шверцери -пишува весникот.