Завршните зборови на Бојан Јовановски-Боки 13 во случајот „Рекет“ ја подотворија Пандорината кутија, што ја најави уште со избивањето на аферата. Колку и да се примаат со резерва неговите зборови како првообвинет, сепак на неговите забелешки не може да се остане рамнодушно. Дотолку повеќе што некои од нив се однесуваат на националните и државни интереси.
Јовановски вчера потврди дека предметот „Рекет“ има и меѓународна димензија, зашто според него тој бил исконструиран од Орце Камчев со помош на бугарски служби и дека не е јасно зошто не е гонет за шпионажа. Ако се стави на страна нивната нетрпеливост, што произлегува од самиот случај, останува фактот дека во заднината се кријат служби од соседството.
-На 2 април лани Орце Камчев се сретнал со тогашниот премиер Зоран Заев во присуство на бугарски агенти блиски на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, и му рекол дека има докази против мене. Дури и го снимал Заев. Знам дека е така и оти рекол “ќе му ебам матер на педерот и на дебелата”. Ден потоа мене ми се јави Заев и побара да ги “разгледаме доказите“, изјави Боки.
Вмешаноста на бугарските служби ја потврди и поранешниот директор на УБК, Горан Митевски, во неговото последно гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа. Но, тој укажа дека се работи за приватна агенција за обезбедување.
-По излегувањето од притвор и упатувањето во куќен притвор на Орце Камчев му е оовозможено од бугарска агенција за обезбедување ОК секјурити да дојдат лица во Скопје и да го зголемат обезбедувањето на Јордан Камчев, а подоцна и одредени стручни лица од соодветната управа за тајно фото-документирање да постават одредена опрема во неговиот дом за сите оние снимки што ги видовме, што „Ла верита“ ги објави на 8.8.2019 година каде ги видовме Бојан Јовановски и Зоран Милески како излегуваат со ташната Луј Витоан со пари од домот на Јордан Камчев, изјави Митевски.
Тајмингот на одвивањето на настаните зад кулисите потполно се совпаѓа со прекршувањето на работите околу не донесувањето на одлука на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ минатата година во јуни.
Но, клучно прашање сега е дали и какви снимки поседува бугарскиот премиер Бојко Борисов за екс-премиерот Зоран Заев?! Ако ги има, дали се толку компромитирачки за да можат да бидат предмет за уцена преку која Заев ќе мора да ги прифати новите услови, што ги постави Бугарија за членството на Македонија во ЕУ?
За потсетување, Борисов беше првиот премиер на земја-членка на ЕУ, кој го советуваше Заев да не поднесува оставка на функцијата и по француското „вето“ во октомври минатата година. Главната негова забелешка беше дека Заев има „уште многу не завршени работи“.
Дали во тие не завршени работи спаѓаат и откажувањето од Гоце Делчев, од прифаќањето на тезата за постоење на Македонците од 1944 година и апсолутна негација на македонскиот јазик и прифаќање на ставот на БАН дека тој е „северномакедонски“ дијалект на бугарскиот јазик?
Заев неодамна изјави дека е подготвен во целост да го реализира Договорот за добрососедство. Но, почитувањето на договореното не е спорно, спорна е содржината на тоа што ќе биде договорено меѓу историчарите. Во тој контекст, повеќе од очигледно е разијдувањето меѓу шефот на државата Стево Пендаровски и Заев во читањето на основата на Договорот. Додека за Пендаровски тоа е споделената историја, за Заев е заедничката историја.
Comments are closed for this post.