Шпанските истражни органи откриваат дека тројца српски државјани обвинети за убиство на Марко Перуничиќ, близок до Шкаљарскиот криминален клан биле откриени според качкет што го купиле дваесетина дена пред убиството, но и според билет за паркирање.

За убиството на Перуничиќ (41), што се случи во јуни во шпанското монденско одморалиште Марбеља, уапсени се белграѓаните Немања С. (22), Душко Ш. (29) и Никола Д. (33).

Околу три часот попладне еден човек се приближува до жртвата на пешачки премин и испука шест истрели одзади, по што избега. Очевидци изјавија дека напаѓачот носел сина кошула, со качкет и ракавици. Качкетот што го носел, а потоа го фрлил во грмушка беше одлучувачка трага – го реконструира злосторството порталот „Њусдиарио“.

Сведоците на истражителите им откриле и дека убиецот, откако го напуштил местото на злосторството, се качил на скутер и се оддалечил во непознат правец.

За време на истрагата, инспекторите пронашле напуштен сив мотор од марката „Бургман“, што се совпаднало со описот на оној на кој побегнал убиецот. Детално ја пребарале околината и на неколку метри подалеку, покрај грмушките, нашле ракавици и капа. Облеката била клучна за наоѓање на извршителите, бидејќи качкетот бил од позната марка – откриле од истрагата.

Агентите тогаш откриле во која продавница е купен качкетот на 22 мај. Продавницата имала добро поставени камери, а агентите го имале лицето на убиецот, но и уште една важна информација – регистарскиот број на „Форд Фиеста“ со која возел до продавницата, а која се покажала дека е изнајмена.

Двајца српски државјани се казнети за паркирање, додека го возеле тој автомобил во мај. „Фордот“ е вратен во агенцијата за изнајмување 24 часа по злосторството. Полициските службеници го разгледале договорот и многу лесно стигнале дури и до адресата на осомничените. Нивната куќа веднаш била пребарана –  вели изворот на порталот.

Изворот од истрагата додава дека во куќата се пронајдени скици цртани на рака, како и мапа на градот.

На скиците и мапата беше обележано каде да чекаат, каде да пукаат и каде да бегаат – откриваат од истрагата.

Во меѓувреме, полицијата работеле на проверка и на други информации, така што било утврдено дека Немања С. пристигнал во Шпанија со лет од Турција два дена пред убиството, а се верува дека токму тој добил директна наредба за убиство на Перуничиќ.

Истражителите составиле цел мозаик на злосторството, ги лоцирале телефоните на осомничените и три недели подоцна откриле дека корисникот на еден од броевите резервирал маса за тројца во пицерија во близина на Џирона.

Полициските агенти веднаш отишле во ресторанот и ги уапсиле осомничените.