Летото е добра можност за заработка во туристичките места. Црна Гора, Хрватска и Грција се соочуваат со недостик на работници. Конкретно на црногорското и хрватското крајбрежје потребни се келнери и шанкери.

Платата не е висока изнесува околу 1500 евра месечно и плус бакшишот, но се работи понекогаш и без слободен ден десетина денови по ред.

Добрата работа е што работодавците најчесто наоѓаат сместување за работниците кое иначе може да биде голем трошок.

Во Грција пак се чуствува финансиската криза и нема голема побарувачка за работнци. Но, она што се бара се фотографи за во луксузните хотели и ресорти и таму може да се заработи добра пара со фотогрфирање на гостите за време на нивните забави и екскурзии.