Серија земјотреси, од кои еден со јачина од 5,3 степени, се регистрирни утринава во југоисточниот дел на Албанија. Повредени се пет лица при рушење на една куќа, соопшти албанското Министерство за одбрана.
Албанските медиуми објавија дека за два часа се регистрирани шест земјотреси.
Нема вонредна состојба во ниту една област од земјата – соопштија од Министерството за одбрана на Албанија.
Епицентарот на првиот земјотрес бил 15 километри југоисточно од градот Корча на длабочина од 14 километри, а по седум минути е регистриран уште еден на длабочина од 18 километри во областа која се граничи со Грција и со Македонија.
Следните земјотреси, со помал интензитет, биле почувствувани во Корча и во јужниот дел на Џирокастро.
Comments are closed for this post.