Излегуваат на виделина околностите под кои е убиен еден од најдобрите фудбалери во Јужна Африка Марк Бачелор. Иако отпрвин се мислеше дека тој е ликвидиран без никаква причина пред неговиот дом во Јоханезбург, тоа не е така.

 

Истражните органи во Јужна Африка откриле дека тој бил вмешан во шверц со дрога и оти се зафатил со некој што не требало, а тоа е српска мафија во таа земја. Бачелор бил поврзан со траспорт на кокаин во Австралија и оти дел од таа дрога ја украл од српската мафија која била безмилосна и го убила.