Ќерката на поранешниот српски претседател, Марија Милошевиќ десетина години живее во Црна Гора. Откако нејзиниот татко го испорачаа во Хаг, таа се пресели на Цетиње огорчена од односот на тогашните власти.

Марија, која има 53 години, сега живее во целосна изолација и во куќата никој не влегува освен нејзиниот возач и емотивниот партнер.Дури и ролетните во куќата секогаш се спуштени.

Марија нема да присуствува на погребот на нејзината мајка Мира но беше во Москва каде беше извршена кремацијата.