Во Грција за еден месец се зголемил бројот на лицата кои бараат работа за 4,11 отсто, покажуваат најновите статистички податоци на грчката Организација за вработување на работна сила.

Во јуни, биле регистрирани 858.069 лица, а во јули, 35.241 повеќе, со што бројот на оние кои бараат работа достигнува до 893.310, од кои 34,39 отсто се мажи, а 65,61 отсто жени.

Од регистрираните невработени, најголем број (38,31 отсто) се на возраст од 30 до 44 години, грчки државјани (89,63 отсто), со завршено средно училиште (43,71 отсто).

Бројот на невработени во Грција се зголемил за 7,91 отсто, споредбено со лани за истиот период.

Во Организацијата за вработување на работна сила на Грција се регистрирани и 76. 891 лица кои иако се невработени, сепак не бараат работа.