Беспилотен армиски авион од типот „Сагем Спервер“ претпладнево се урнал на околу четири километри западно од градот Комотини во северна Грција.

Како што јави „Катимерини“, авионот извршувал тренажен лет и се урнал пет минути по полетувањето. Според првични проценки, инцидентот е последица на механички дефект.

Остатоците од авионот се собрани и се очекува официјална информација од армијата.