Водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер,  подготвува атентат врз претседателот на Србија Александар Вучиќ во Котор на Самитот на лидерите на Западен Балкан и на Европската унија кој ќе да се одржи утре, дознава „Република.рс“.

Веднаш по објавувањето на датумот и местото на Самитот Звицер ги активирал сите расположливи соработници и започнал со подготовките за атентатот.

Единствена цел му е да го убие и нема да штеди ниту луѓе ниту пари за тоа да се случи бидејќи е свесен дека Александар Вучиќ е единствената вистинска пречка во регионот-пишува „Република.рс.

Котор е одлична можност за атентат бидејќ градот е опкружен со ридови и може да се види на вашата дланка. Тоа е огромен предизвик кога станува збор за безбедносната организација, ќе биде тешко да се опфатат сите точки каде потенцијално би можеле да бидат распоредени атентаторите со снајпер.